Герасимовски ја донираше мартовската плата за болен ученик, ги повика и советниците да го сторат истото

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.

По извршената донација Герасимовски ја повика општинската администрација, и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, а на советниците од Советот на Општина Центар им предложи да го следат неговиот пример и донираат половина од своите советнички паушали. Станува збор за ученик од 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Никола Трајковски.

„Ве повикувам и вас, сите хумани граѓани да донирате и да го споделите овој повик. Ајде заедно да му помогнеме на Никола да победи во оваа тешка животна борба. Општина Центар и центарци се познати по својата хуманост. Тука сме биле секогаш да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да го докажеме тоа уште еднаш“, повика Герасимовски на социјалните мрежи.

20.03.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега