Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбенипродукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар.
Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со која што Општина Центар има традиционалната соработка, Градоначалникот Герасимовски ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“.
„Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ продолжува да се реализира во континуитет и е секоја година добредојдена за нашите сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби“, порача Герасимовски.
Општина Центар апелира и до останатите компании се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“со цел да им се помогне нанајранливата категорија наши сограѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа