Германците го покажаа вистинското светло: Вернер за 0-2

Втор гол за Германија на Националната арена Тоше Проески. Голот го постигна Тимо Вернер кој се најде сам пред голот на Столе Димитриевски. Шутна силно по десната страна на голот и ударот беше неодбранлив за Димитриевски.

Претходно, на почетокот на второто полувреме натпреварот го отвори Хавертц кој по контра доби топка од Гнабри сам пред празен гол и само ја заби топката. Германија има доминација на теренот за разлика натпреварот во Дуисбург кога Македонија дојде до историска победа.

 

11.10.2021 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега