Германија ги забранува сите активности поврзани со Хамас: „Тие сакаат да ја уништат државата Израел“
Германската влада ги забрани сите активности поврзани со милитантната организација Хамас, која веќе е означена како терористичка организација во земјата.
„Денес, целосно ги забранивме активностите на терористичката организација, чија цел е да ја уништи државата Израел“, изјави министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер.
Тоа значи дека отсега одржувањето митинзи во името на Хамас или ширењето на пропагандата на групата ќе се смета за кривично дело. Фезер најави и дека активностите на пропалестинската мрежа „Самидун“ ќе бидат суспендирани во Германија, пишува Би-би-си.
Германскиот канцелар Олаф Шолц минатиот месец изјави дека членовите на „Самидун“ го слават теророт на Хамас во Израел на улиците на Германија. Шолц исто така вети дека ќе заземе пристап на нулта толеранција кон каква било форма на антисемитизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа