Германија: Македонски државјанин ја избодел сопругата пред трите деца
Во Дортмунд во вторникот вечерта, 30-годишна жена била убиена од нејзиниот поранешен сопруг, македонски државјанин. Насилникот ја прободел со месарски нож од 30 сантиметри пред очите на децата, јавува германски „Билд“.
Медиумот истакнува дека жената штотуку се разделила од сопругот и сакала да започне нов живот со децата во стан во Дортмунд во Северна Рајна-Вестфалија. Децата се на возраст од 3, 4 и 6 години и тие први побарале помош од соседите.
-Кога соседите ја виделе раскрвавената жена на скали, веднаш повикале брза помош и полиција. Сепак, и покрај обидите за реанимација, жената починала на лице место. Инспекторите го опколиле местото на злосторството на Рајнише Штрасе, стои во текстот на „Билд“.
Како што пишуваат германските медиуми, жената неколку пати веќе го пријавувала поранешниот партнер за семејно насилство.
Сторителот по злосторството побегнал со автомобил и набрзо бил уапсен на автопатот кај Вирцбург. Моментално е во притвор во Нирнберг, каде се чека на негово префрлување назад во Дортмунд. „Билд“ наведува дека македонскиот државјанин најверојатно сакал да побегне назад во Македонија.
Децата биле згрижени од социјалните служби и примиле медицинска помош во детска клиника.
Истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа