Германија: Полна количка падна врз бебе во продавница, по што почина во болница

Бебе почина откако врз него падна полна количка во продавница во Германија. Малото девојче имало само 13 месеци.

Трагедијата се случила вчера пред очите на родителите. Како што пренесуваат германските медиуми, на количката биле натоварени гипс-картони, а девојчето стоело веднаш до количката кога таа се превртела и паднала врз неа.

Муштериите веднаш притрчале и на детето му била укажана прва помош. Набрзо пристигнала брза помош, а детето со хеликоптер било пренесено во болница, каде што починало.

Полицијата води истрага за целиот случај, а сè уште не се знае дали телото на девојчето ќе биде испратено на обдукција

05.12.2022 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега