Германија: Штајк на врабоените во „Кока-Кола“ - бараат повисоки плати за 400 евра

 

Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока-Кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица.

Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на платите за 100 евра и еднократен бонус од 1.000 евра за да го неутрализира влијанието на високата инфлација.

Преговарачот на германскиот Синдикат на работници за храна, пијалаци и угостителство (НГГ), Фреди Ајан тогаш го опиша предлогот како „шлаканица во лице“. Според него, важно е платите да се зголемуваат согласно инфлацијата.

Се очекува преговорите да продолжат на 8 февруари.

02.02.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега