Германија во колапс: Почнува тридневниот штрајк на земјоделците и машиновозачите

 

Германските машиновозачи денеска почнуваат тридневен штрајк, барајќи намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно за работниците во смени, како и зголемување на платите за 555 евра месечно и еднократен бонус за инфлациски надоместок од 3.000 евра.

Германската национална железничка компанија „Дојче Бан“ понуди пофлексибилно работно време во замена за намалување на платата, пренесува Ројтерс.

Штрајкот ќе ја принуди „Дојче Бан“ да се придржува до распоредот за итни случаи, а компанијата соопшти дека прекинот на работата ќе влијае на патувањата на милиони луѓе и ќе ги охрабри да ги откажат или одложат сите несуштински патувања.

Проблем во сообраќајот направија и постојаните протести на земјоделците, предизвикани од најавеното намалување на субвенциите.

Шефот на Германскиот сојуз на фармери (ДБВ), Јоаким Руквид, вети дека ќе ги засили протестите денеска, откако конвои трактори и камиони ги блокираа патиштата низ земјата на почетокот на оваа недела.

10.01.2024 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега