Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова: Историски момент


Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.

- Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Северна Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Сиљановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

13.05.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега