Германската коалициска влада се распадна

 


Германската коалициска влада се распадна, пренесуваат медиумите.

Канцеларот Олаф Шолц го смени министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП).

Во канцеларијата во Берлин се собраа шефовите на таканаречената „семафорска коалиција“, во која покрај владејачката СПД се и Зелените.

Линднер му предложи на Шолц нови избори за почетокот на 2025. Се очекува канцеларката наскоро да и се обрати на јавноста, објавија германските медиуми.

Тоа е историја! Заврши владата на семафорот на канцеларот Олаф Шолц, наведува „Билд“. Причина за падот на владата е несогласувањето во однос на економската и финансиската политика меѓу Шолц и Линднер.

06.11.2024 - 23:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега