Ги израдува сите Украинци, стана нивна легенда, а всушност бил - руски шпион (ФОТО)
Поранешниот украински репрезентативец и легенда Анатолиј Тимошчук стана предавник за неговите сонародници во Украина бидејќи реши да остане во Русија по агресијата врз неговата држава.
Тимошчук остана да работи во Зенит од Санкт Петербург, по што Украинците решија да му ги избришат сите признанија и успеси кои ги имал, како и тренерската лиценца.
Новинарот Костјанин Андријук откри нов информации кои ја изненадија јавноста, а како доказ посочи фотографии кои ги добил пред неколку години за време на истрага и покажуваат дека Тимошчук бил руски шпион.
„Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија“, е заклетвата потпишана од поранешниот фудбалер на Баерн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа