Ги скрсти рацете и се помоли: Бајден посака да се соединат демократите и републиканците во Конгресот

 

Американскиот претседател Џо Бајден, во денешниот говор што го одржа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, апелираше на единство, посебно помеѓу демократите и републиканците во Конгресот. 

- Во нашата политика и во нашите животи, премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како пријатели. Колку и да се тешки времињата, ако погледнеме поблиску, можеме да ја видиме силата и решителноста што долго ја дефинираше Америка, посочи Бајден. 

Молитвениот појадок се одржа во Центарот за посетители во Конгресот, на кој учествуваа 1.300 гости

02.02.2023 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега