Ѓоковиќ изгуби трпение, викаше за да го врати фокусот на натпреварот: „Кажи му да седне!“
„Ниту прв, а веројатно ниту последен пат да направам такво нешто кон својот тренер. Понекогаш такви работи се случуваат“ - изјавил Ѓоковиќ.
Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во првото коло на УС Опен го победи тенисерот од БиХ, Дамир Џумхир со 3:0 (6:1, 6:4, 6:1).
Српскиот тенисер имаше потешкотии во вториот сет, па во еден момент изгуби контрола.
Откако ја искористи третата сет топка за 6:4, ја повлекол кон својот бокс каде што се наоѓал и неговиот тренер Горан Иванишевиќ.
„Кажи му да седне!“ - извикал Ѓоковиќ на кој што веројатно нечие „шетање“ го изнервирало.
Инаку, УС Опен се игра без публика, но на трибините можат да седат тренерите и останатите учесници на турнирот.
Еве како трикратниот освојувач на УС Опен по натпреварот им одговори на новинарите на прашањето за тој момент:
„Ни прв, а веројатно ни последен пат да направам такво нешто. Понекогаш такви работи се случуваат.
Бев фрустриран од играта, од некои удари кои ги изведов. Преку викањето тоа го исфрлив од себе. Тоа е интензитет, ви значи победата. Да не ми значеше, не би бил тука.
Секогаш играм со многу енергија и некогаш морам вака да изреагирам, за да го вратам фокусот. Нема врска дали стадионот е полн или празен, очекуваш од твојот тренер секогаш да биде покрај тебе и да ти дава поддршка“ - изјавил Ѓоковиќ.
#USOpen (@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/45v8Z9YUIM
— doublefault28 (@doublefault28) September 1, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа