Ѓоковиќ за изливот емоции: „Не сум робот, морам некако да ги исфрлам фрустрациите од себе“

Новак Ѓоковиќ објаснил дека сето тоа му помогнало во текот на неговата кариера.

Српскиот тенисер Новак се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос со победата на Пабло Карењо-Буст со 3:1 во сетови.

По натпреварот, Шпанецот даде непримерна и контроверзна изјава, а најдобриот играч на светот зборуваше за своите изливи на емоции во текот на натпреварите:

„Не сум робот, имам чувства и поминувам низ торнадо од тие емоции, а понекогаш потребно ми е да бидам фокусиран на себе и затворен. Понекогаш ми е потребно да се ослободам од сето тоа и да се покренам себеси на тој начин.

Се случува да се покренат работите во моја корист, кога сум целосно смирен, се случуваше кога сум имал некакви такви испади да се промени натпреварот контра и да изгубам поради тоа. Тоа не е „златно правило“, но разбирам...“ - објаснил Ѓоковиќ.

Во полуфиналето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ ќе игра против Гркот Стефанос Циципас. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега