Ѓорѓиевски: Нема да има заборавени општини
Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а тоа е буквално сите општини да можат да добијат пари за реализација на проекти кои ќе решат децениски проблеми на граѓаните, изјави во вечерашното гостување во „Топ тема“ градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
-Ова е ова прв проект од ваков тип кој се спроведува на овој начин и претставува модел кој овозможува транспарентност и ќе придонесе да се решат повеќедецениски проблеми на граѓаните. Она што е важно е дека како никогаш претходно, ќе нема заборавени општини, односно согласно моделот, ќе добијат финансиски средства согласно бројот на жители и изготвените проекти. До крајот на неделата од државата ќе излезат податоци за распределба на средствата наменети за проектите на општини. Крај на февруари почеток на март се очекува нов повик на општините да аплицираат пак, па евентуално утврдените аномалии од првиот повик, сигурно ќе бидат надминати, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потенцирајќи дека претходната Влада давала пари за раздолжување на општините и на тој начин стимулирала генерирање на нови долгови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа