Го фатила со друга жена во станот, па ја задавил - Детали за двојното убиство во БиХ

 

Емир Селимовиќ кој е осомничен за двојното убиство во БиХ, бил фатен како ја изневерува сопругата, па грозоморниот чин го извршил од страв таа да не го напушти.

Како што изјавиле роднините на несреќната Инела Селимовиќ, која беше задавена заедно со нејзиниот 13-годишен син во нивниот стан во Калесија, таа го фатила сопругот како ја изневерува. Таа дознала за неверството на сопругот само 2-3 месеци пред смртта.

- Сигурни сме дека мотивот за злосторството е тоа што Инела дозна дека тој ја изневерува. Го фати со друга жена во нивниот стан. Почнаа проблемите и таа веднаш побара развод. Живееше во станот што таа го купи на кредит, го прифати таков каков што е, никоја друга не би го прифатила. Работеше како доставувач, немаше сигурна работа и користеше наркотични средства. Му даваше и љубов и пари, се му даде...Сега нејзиниот татко е тешко болен, а по трагедијата мајката не знае за себе, велат извори за босанските медиуми.

Инела се спремала да оди кај својата сестра во Германија и да се тргне од Емир, но заврши трагично.

Тој беше уапсен во селото Горња Мравица откако полицијата го забележала во шумата, откако со денови беше во бегство.

19.02.2025 - 09:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега