Го изгубиле кучето на одмор, а тоа патувало 380 километри и се вратило дома

 

Куче што се изгубило на одмор подоцна се појавило во својот роден град 380 километри подалеку, во Франција.

На враќање од одмор во Италија сопствениците на ловечкиот териер Пабло застанале во францускиот регион Савој, објави радиостаницата „Франс блеу“.

Двегодишното куче излегло од камперот за да прошета малку, но, невообичаено, не се вратило.

Неговите сопственици залудно чекале со часови. Следниот ден тие го пријавиле исчезнувањето на Пабло, а потоа го продолжиле својот пат за да ги посетат роднините.

По неколку дена, тие добиле фотографија од кучето од познајници што се грижеле за нивната куќа на југот на Франција. Сопствениците биле пресреќни и веднаш се вратиле дома. По овој инцидент, одлучиле да му купат ГПС-околувратник за да не го изгубат повторно.

Макфакс

31.08.2021 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега