Го однесоа со хеликоптер и го оставија: Граѓаните собираат пари за лекување на Леонид

 

Барањето за Леонид Индов е одбиено како неосновано, бидејќи не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, велат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Станува збор за сума од 140 илјади евра којашто семејството на момчето кое лани се повреди на одмор во Грција и остана врзано за кревет, не знае од каде да ја најде.

Оттаму додаваат дека решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица, Фондот ги донесува согласно законските прописи и правилници.

„Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р.Северна Македонија со кои склучил договор.

Бурни реакции на социјалните мрежи по веста дека Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не одобри пари за лекувањето на младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет. 

Бранко Индов, татко на младиот Леонид кој со хеликоптер беше транспортиран на лекување во Виена, изјави дека ФЗОМ одбил да го покрие лекувањето на неговиот син.

Донациите што претходно беа собрани од хуманите граѓани ќе покријат 3 месеци од лекувањето на Леонид во Австрија, но трите месеци кои следуваат, нема кој да ги покрие бидејќи Фондот за здравство го одбил барањето на семејството. 

https://a.skopjeinfo.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=5&source=__SOURCE__&loc=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Fnarodot-reagira-ako-leonid-i-prethodni-i-naredni-ne-ispolnuvaat-uslovi-vo-fzo-togash-ne-e-do-niv-do&cb=9aa0f5305a

Затоа на социјалните мрежи се врти апел сите да донираме за Лео да го заврши лекувањето. 

Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Нашето малку за некого е многу. Да помогнеме за Лео.

Телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ 143-118

А1 143-500 

Со реакции на револт од ФЗО се јавија голем број граѓани на социјалните мрежи

 

 

21.02.2024 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега