ОН го ставија Израел на т.н. „Список на срамот“ поради кршење на правата на децата во војна

 

Израел и Хамас се вклучени во таканаречениот „Список на срамот“ на ОН, како дел од годишниот извештај на кабинетот на генералниот секретар Антонио Гутереш, во кој се документира кршењето на правата на децата во војна, објавија денеска израелските медиуми.

Ова е првпат Израел и Хамас да се најдат на списокот, на кој се наоѓаат Русија, терористичката организација ИД, Ал Каеда, Боко Харам, Авганистан, Ирак, Мјанмар, Сомалија, Јемен и Сирија.

Израелските медиуми јавуваат дека Израел е првата демократска земја на таа листа.

07.06.2024 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега