Го „тужи“ МВР на Уставен суд за пасош и лична карта со старото име
Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.
Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.
со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа