Го заведе синот на најголемата поп-икона, па раскинаа - сега во минијатурно бикини му покажа што пропушта
Манекенката Ким Турнбул е најпозната по тоа што била девојка на Роко Ричи, синот на поп-иконата Мадона и режисерот Гај Ричи.
Папарацо фотографите овојпат ја „уловиле“ манекенката на плaжа во Барбадос како ужива во друштво на својата пријателка.
Таа ги привлекувала погледите на присутните во минијатурното бикини кое ја открило нејзината витка и прекрасна фигура на тело.
Ким на пошироката јавност ѝ е позната како поранешна девојка на синот на Мадона, 21-годишниот Роко Ричи.
Младиот заводник и манекенката беа во врска пет години, а биле забележани и на неколку романтични вечери во Лондон. Една година подоцна Ким на неговото семејство им се придружила на одмор во Швајцарија.
И, додека Ричи ги заведува своите обожавателки ширум светот, не е пoзнато дали нова среќа во љубовта пронашла и неговата поранешна девојка.
Инаку, Ким се занимава со манекенство и зад себе има неколку успешни кампањи, а работи и како диџеј по лондонските клубови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа