Голем број казнети возачи од Скопје

Полицијата за еден ден казни 164 возачи во Скопје, од кои 82 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, шест санкции за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега