Голем број скопски општини денеска ќе останат без струја

Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште.

Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево, железнички станици Зелениково – Јане Сандански  во општина Зелениково и Студеничани.

09.08.2024 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега