Голем број терористи на слобода: Се урна затворски ѕид - избегаа 281 затвореници


Поплавите предизвикани од обилни дождови доведоа до рушење на дел од затворскиот ѕид во Мајдугури, што овозможи бегство на 281 затвореник.

Помеѓу избеганите затвореници има и членови на исламистичката милиција Боко Харам. Мајдугури е главен град на државата Борно, каде Боко Харам напаѓа цивилни и воени цели од 2009 година.

На 10 септември обилните дождови предизвикаа пукање на брана и беа поплавени големи делови од градот Мајдугури.

Целиот регион Сахел во Северна Африка, каде што се наоѓа Нигерија, во моментот е погоден од поплави по обилните дождови. Според податоците на ОН, околу половина милион луѓе во регионот се раселени, а над 300.000 домови се уништени во надојдената вода.

16.09.2024 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега