Голема трагедија: 40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
Во Дебарско Езеро во близина на градската плажа се удавила жена на 40-годишна возраст.
Жената била забележана од две лица кои ја извадиле од вода и се обиделе да ја реанимираат, но, безуспешно.
- По повикот, веднаш пристигнала екипа на Брза помош од Општата болница со проширена дејност. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на жената немало траги на насилство, потврдија од полицијата.
Извршен бил увид од полиција и дежурен обвинител, телото било дадено на обдукција.
По десетина години, ова е прв случај на давеник во ова езеро. Од 2017 година на градската плажа имаше тимови на спасувачи на вода. Ова лето не функционира спасувачка служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа