Голема трагедија во Сараево: Си ги убил братот и снаата, па фрлил бомба и се запалил
Телата на три лица се пронајдени во приватна куќа во Сараево по интервенција на пожарникарите кои пристигнале таму поради пожар, а станува збор за смртни случаи поврзани со семејна расправија.
Пожарникарите интервенирале во четвртокот вечерта по дојава за експлозија и пожар во куќа во населбата Широкача, во стариот дел на градот и таму ги пронашле телата на двајца мажи и една жена.
„Можеме да потврдиме дека во куќата се пронајдени три тела“, рече Азра Бавчиќ, портпарол на жупаниското обвинителство во Сараево.
Според информациите со кои располагаат во петокот наутро, а ги пренесоа тамошните медиуми, оваа трагедија е резултат на пресметка на двајца браќа, по меѓусебните конфликти кои траеле со месеци, на што посведочиле и соседите.
Претпоставките се дека постариот брат ги убил помалиот брат и неговата сопруга во четвртокот вечерта, а потоа ја запалил куќата.
„Алмир Чесир дојде со пиштол и прво испука пет-шест куршуми за да ги исплаши. Првин ја рани во нога жената. Потоа фрли бомба и се’ запали. Соседите веднаш ја повикале полицијата поради пукањето“, изјави чичкото Касим Чесир
Телата кои беа пронајдени по гаснењето на пожарот се целосно изгорени. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа