„Google“ објави до кога тамошните вработени ќе работат од дома

Сите многу добро знаеме дека пандемијата на коронавирусот имаше големо влијание во целиот свет, како во животот на секој поединец, така и во компаниите ширум светот.

Многу од компаниите во светот на своите работници им дозволија да работат од дома, со цел да се запре ширењето на пандемијата и да се заштитат луѓето.

Американската компанија „Google“ соопштила дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до месец септември 2021-та година, објави „NYT“.

Од компанијата исто така истакнале дека ќе ја тестираат идејата за „флексибилна работна недела“ со што работните процеси би се вратиле во некоја нормала по фази, изјавил извршниот директор на компанијата, Сандар Пичај, пренесува „Ројтерс“.

Според таквата идеја, кога би дошло до смирување на епидемиолошката ситуација и работниот процес повторно би бил доведен до нормала, вработените ќе имаат можност да работат три дена од канцеларија, а два дена од своите домови.

„Сакаме да ја тестираме таа идеја за флексибилно работно време, а тоа би донело до попродуктивност, соработка и општо добро за нашата цела компанија“, изјавил Пичај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега