Готови се резултатите од обдукцијата на Џеј Рамадановски - утврдено дали починал од коронавирус

 

Пејачот Џеј Рамадановски почина во неделата на 57 годишна возраст, а веста за неговата смрт го растажи буквално целиот регион.

Денеска српските медиуми ги објавија и резултатите од обдукцијата која се изврши во овие два дена врз телото на пејачот.

Во наодот се вели дека пејачот сепак не починал од коронавирус, туку од срцев удар.

Во меѓувреме семејството го организира и целиот погреб на гробиштата во Белград каде ќе биде погребан во алејата на великаните.

И покрај подготовките сепак има еден проблем, половина семејство е согласно да се погреба пејачот според муслиманските обреди, додека половина сака тоа да биде на православен начин направено за последен пат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега