Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел
На денешната 13-та седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел. Оваа информација ја соопштија надлежните служби на Град Скопје во соопштение испратено до медиумите.
„Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова градинка во населбата Бутел 1 во Скопје, со цел изградба на нова градинка која е од јавен интерес и од исклучителна важност за граѓаните на овој дел од градот“, се наведува во нивното соопштение.
11.07.2022 - 19:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа