Град Скопје: Езерцето се чисти
Град Скопје ја демантира информацијата која утрово ја објави Press24 во врска со езерцето во Градскиот парк во Скопје.
„Езерцето не е исушено, ниту живиот свет кој живее во него е загрозен на било каков начин, напротив, се работи за редовно чистење на водата од езерцето со почитување на сите еколошки стандарди со цел обезбедување на подобри услови за живот на живиот свет во него. Дополнително, се подобрува севкупната хигиена во Градскиот парк и се отстранува миризбата која ја предизвикува застоената вода“, стои во демантот на Град Скопје.
Во целост ви ја пренесуваме информацијата во врска со езерцето која ја објавивме утрово и јавно се извинуваме на Град Скопје
Езерцето во Градскиот парк во Скопје во моментов е речи си празно, откако надлежните веќе една недела работат на негово чистење. Уште од почетокот на неделава, со пумпи водата беше извадена од Езерото а во текот на вчерашниот ден, можеше да се забележат и службите кои со мрежи се обидуваа да извадат дел од рибата која што беше останата во калта на дното.
Во езерцето, барем на последното чистење пред неколку години имаше прилично големи риби од кои некои примероци се мереа и во килограми. Покрај рибите, во ова езерце живее и прилично голема колонија на желки но и шатки. Нема информации кога езерцето ќе биде целосно исчистено и повторно наполнето со вода.
Езерцето во градскиот парк е дел од цел еден систем кој се полни со вода од Вардар. Таа кружи низ системот и повторно се враќа во реката и на тој начин се спречува нејзино застојување што би предизвикало непријатни миризби.
Иако не ми е јасно што се демантира еве јавно му се извинуваме на Град Скопје
Град Скопје извини
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа