Град Скопје: Има доцнења, ама во разумни интервали

По тричасовниот сообраќаен хаос во Скопје, конечно се огласија и од Град Скопје преку писмено соопштение испратено до медиумите. Во него се наведува дека имало доцнење, ама во разумни интервали.

„Јавниот превоз се реализира согласно утврдениот возен ред актуелен за овој период од годината (зимен возен ред).

Се регистрираат доцнења, во разумни интервали, кои се должат на надворешни фактори (пренасочен сообраќај поради согласности на времени режими издадени од СВР за градежни работи, сообраќајни незгоди на редовна траса, исклучена светлосна сигнализација за поминување на делегации и слично) кои влијаат на застој/забавување не само на одвивањето на јавниот превоз, туку на целокупниот сообраќај“, стои во соопштението на Град Скопје.

22.12.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега