Град Скопје: Решени 1.550 барања од граѓани доставени преку електронската адреса

 

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.755 барања, од кои решени се 1.550.

– Најголемиот број граѓани на овој мејл имале прашања поврзани со даноците на имот, пријавиле проблеми поврзани со безбедноста на сообраќајот, односно барања да се постават платоа што ќе ги натера возачите да ја намалат брзината. Дел од барањата на граѓаните се однесуваат на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини, соопшти денеска Град Скопје.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект, како што посочуваат од Град Скопје, е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Оттаму велат дека со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

29.03.2022 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега