Градоначалникот Арбен Таравари се сретна со претставникот на компанијата GH Holding, Јожеф Нозе

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска го пречека на средба Јожеф Нозе претставник на компанијата GH HOLDING од Љубјана (Словенија), која се занимава со иновативна технологија за преработка на отпад.

На средбата се презентираа три иновативни еколошки технологии: преработка на фекални води, преработка на ѓубрива и нивно претворање во енергија.Преку иновативните технологии се заштитува животната средина и здравјето на луѓето, се намалуваат трошоците за управување со отпадот, а се произведува енергија во форма на топла вода, пареа или струја.

Општина Гостивар ќе ја резгледа можноста за имплементација на ваквите иновативни технологии во Гостивар.

 

 
20.03.2023 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега