Градоначалникот на Кавадарци доби извинување од неговиот сограѓанин кој му упати смртни казни

Градоначалникот на Кавадарци доби извинување од стана на 35-годишниот кавадарчанец кој вчера во угостителски објект му упатил смртни закани.

Прво, телефонски, а потоа лично и во кабинетот на градоначалникот, Никола Пртсенов, му се извинил на Јанчев. Призна дека бил пијан, а и ветил дека делото нема да се повтори. 

За потсетување, 35-годишникот вчера заврши зад  решетки по инцидентот кој го предизвикал во кавадаречки локал, упатувајќи смртни закани кон градоначалникот Митко Јанчев. По целосно документирање на случајот, од МВР соопштија дека ќе поднесат кривична пријава. 

20.05.2024 - 17:22
Фото: 
Принтскрин Канал 5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега