Градоначалникот на општина Гази Баба донираше инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет
Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на неколку семејства на територија на општина Гази Баба на кои им донираше инвалидски колички.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Грижата кон сите категории на граѓани ја продолживме и ова утро.
Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со твоето дело си направил неколку семејства да бидат среќни.
Денешниот работен ден го започнав со посета на неколку семејства кои изминатиот период доставија барање до мене за обезбедување на инвалидска количка.
Наша обврска е да работиме на создавање подобри и поквалитетни услови за граѓаните со телесен инвалидитет со цел нивна полесна интеграција во општеството.
Грижата кон сите категории на граѓани ќе продолжи и во следниот период.
Сите граѓани во мене имаат пријател и сојузник за решавање на проблемите со кои се соочуваат. “- напиша Стефковски.
01.03.2023 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа