Градончалник од редовите на СДСМ ќе одговара кривично: Го оштетил буџетот на општината

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов кој доаѓа од редовите на СДСМ. Согласно соопштението на МВР, кривично ќе одговара за злоупотреба на службената положба оти го оштетил буџетот на општината.
 
„СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „бесправно градење“ по член 244 - а од Кривичниот законик.
Пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 02.03.2021 година до 23.09.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година.
Имено, со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината. На тој начин пријавениот Б.Ш. нанел штета на буџетот на општината и ги сторил кривичните дела“, стои во објавата на МВР.
 
26.09.2024 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега