Граѓаните на Петриња немаат мир: Нов земјотрес во текот на ноќта

 

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во текот на ноќта кај Петриња во Хрватска, соопшти утрово Сеизмолошката служба.

„Вечерва, на 2 февруари 2021 година, во 2часот и 43 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар седум километри јужно од Петриња“, објавено е на официјалната веб-страница на Сеизмолошката служба, пренесува Хина.

„Јачината на земјотресот беше 3,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на IV степен од скалата ЕМС“, се додава во известувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега