Грчкиот и турскиот шеф на дипломатијата се искараа на заедничката прес конференција (ВИДЕО)

Министрите за надворешни работи на Турција и Грција отворено се судрија на заедничката прес-конференција во Анкара, која започна со надеж за подобрување на односите, но продолжи со остри обвинувања од обете страни.

Барајќи начин за ублажување на тензиите околу територијалните спорови на истокот на Средоземното море, грчкиот министер Никос Дендиас се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на првиот состанок на официјални лица од двете земји откако нивните воени морнарици минатата година речиси се судрија.

Сепак, на почетокот срдечната атмосфера на конференцијата стана непријатна кога Дендиас рече дека ќе одговори на повредата на грчкиот суверенитет со санкции, а Чавушоглу ги отфрли неговите коментари како неприфатливи.

„Дојдовте тука и се обидувате да ја обвинете Турција дека испраќа порака до вашата земја. За мене тоа е неприфатливо“, возврати Чавушоглу.

Двете земји се сојузници во НАТО, но размислуваат поинаку за други работи, како што се обемот на медитеранското крајбрежје, воздушниот простор, изворите на енергија, етнички поделениот Кипар и статусот на некои острови во Егејското Море.

Тензиите се зголемија минатото лето, кога Турција испрати брод за дупчење во спорните води во Медитеранот, но делумно се намали кога Анкара го повлече бродот и земјите по петгодишен застој ,ги продолжија билатералните разговори за спорните прашања.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега