Грција: Исчезнатото девојче пронајдено мртво, вујко и го признал делото

 

11-годишната Василики Николопулу, која исчезна во Грција, била пронајдена мртва и избодена со нож во вратот, а вујкото на девојчето наводно го признал делото, пренесуваат медиумите во регионот.

Девојчето исчезнало вчера од областа Миртија во Пиргос, а денеска е пронајдено во областа Катарача со убодни рани на вратот.

Исчезнувањето на 11-годишното девојче го пријавила нејзината мајка и издаден бил аларм со предупредување дека се смета дека девојчето е во животна опасност.

Безживотното тело на девојчето е пронајдено денеска, а набрзо во полициска станица бил донесен и вујкото на детето, кој на рочиштето признал дека со својот автомобил го убил детето што го зел прексиноќа.

Службениците за обезбедување на Пиргос на снимката од надзорните камери виделе дека 11-годишното девојќе влегло во автомобилот на нејзиниот вујко и дека заедно ја напуштиле Миртија.

Нејзиниот вујко наводно ја прободел со шрафцигер во вратот.

Инаку, според грчките медиуми вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка.

„Ми рекоа дека нашле мало девојче, одам да видам дали е мојата ќерка“, изјавила мајката за медиумите.

10.06.2024 - 17:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа