Грција: Војник фрли шок бомба и го киднапираше командантот
Војник на грчката елитна падобранска единица предизвика инцидент утринава кога фрли шок бомба предизвикувајќи паника, а потоа го зеде својот командант како заложник.
Според неофицијални информации, се слушнале и истрели.
Тој наводно влегол во просторијата каде што се наоѓа командата на единицата, фрлил шок бомба, а потоа го зел командантот како заложник, го претепал и му се заканил дека ќе го убие, пишува Прототема.
Во еден момент командантот успеал да побегне со помош на друг војник, а припадниците на воената полиција апселе.
По инцидентот, на местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа