Грковска: Или заеднички ќе влеземе во борбата со корупцијата или ќе дозволиме општествениот систем да ни остане трул

„Верувам дека заеднички, организирано и со квалитетни системски мерки можеме да создадеме ефикасен механизам кој ќе овозможи справување со корупцијата, нејзино превенирање, но и казнување. Од сите нас зависи во какво општество ќе живееме и затоа сите ние, како граѓани имаме обврска да работиме на промена на свеста во оваа насока“, рече вицепремиерката Грковска.
Таа додаде дека унапредување на интегритетот, одговорното, отчетното и транспарентно работење се клучните механизми во ефикасното справување со корупцијата и поставувањето на темели на владеењето на правото, еднаквата правда и казнивоста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа