Гром удри на аеродромот во Белград
Големо невреме го зафати Белград, денеска по 15 часот, по што удри гром и на пистата на аеродромот „Никола Тесла“.
Аеродромот Никола Тесла за Нова.рс потврди дека пистата била погодена од гром и дека надлежните служби работат на проценка на ситуацијата.
„За време на силното невреме, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и во таа прилика беше оштетена. Оперативните служби во моментов ја проценуваат состојбата. Наш приоритет е безбедноста на патниците и авионите“, соопштија од аеродромот.
Летовите времено беа прекинати, но веќе сообраќајот на аеродромот е нормализиран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа