Грозданов: Политичките фактори треба да сфатат дека стабилниот економски развој лежи во рударството

Македонија може да направи фантастичен економски развој, оценува аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов, во колумната насловена „Иловица – рудник за живот“. Според него, Македонија во овој момент има докажани 25 милијарди евра металична скапоцена руда, односно злато, бакар и сребро. Зборувајќи за рударскиот сектор, тој пишува дека прв извесен рударски, економски потенцијал во југоисточниот крај има Иловица.
-Неговите стопанственици се едни од најголемите светски играчи на скапоцени металични руди. Упорноста на овие луѓе е восхитувачка. Посебно во делот за инвестиции. И велат на Македонија: Ние сме спремни да вложиме 430 милиони евра за една година во овој крај и да го развиеме економски во сите сфери. Пред три години се случи состанок помеѓу претставници од Технолошкометалуршкиот Факултет, отсек екстрактивна металургија и канцеларијата на Рудникот Иловица. Заедно заклучија дека мора да се исфрли од употреба хидројаловиштетото, односно браната од 270 метри полна со вода и да се премине на комплетна сува постапка за добивање на концентрат од ископот. Некаде непосредно пред 2024 година сопствениците на Рудникот Иловица ја потврдија технологијата на сува постапка и со тоа ја скратија можноста за манипулациите дека ќе се загадува Струмичката котлина, истакнува Грозданов.

Тој во колумната посочи и неколку економски примери, за можностите за заработка кои се отвораат од придружните дејности доколку се изгради рудникот Иловица.

-Некој мора да ги храни вработените, нели? Тој некој мора да е од струмичко. Тој некој мора првенствено да ја откупи целата храна која ја произведуваат следниве три села: Иловица, Штука и Зубово: станува збор за земјоделски, сточни, живинарски и млечни производи. За да можеме да се разбереме тоа се 800 оброци дневно. Имагинацијата во финансии и тоа на претпоставена заработка од 40 денари по оброк, ја оставам на други. Инаку вкупниот број на жители кои би гравитирале околу оваа огромна инвестиција е минимум 3000 (три илјади) со натпросечни плати кои ќе се рефлектираат кон целото општество и нормално струмичкиот крај. Навистина е жално во иднина да ги споменувам следниве целосно нестручни и без основа тврдења на сомнителните еко активисти: ќе се ослободел арсен од карпите; ќе имало пет сантиметри прашина по целата котлина; ќе имало сулфур диоксид во воздухот, потенцира аналитичарот.

Според Грозданов, рудникот Иловица се уште не профункционирал, но Струмица веќе беше најзагаден град во Македонија. Исто така, рудникот Иловица е во атарот на Општината Ново Село, каде 45% од населението е отселено. Потоа, Рудникот Иловица не е изграден, а само во март Хрватска од нивната граница врати четири пратки контаминиран зеленчук со пестициди од Македонија.

-Македонија три децении грчевито се бори да стане полноправна членка на ЕУ како стратешки колосек кој за мене е апсолутно прифатлив и оправдан. Не само затоа што овозможува пристап до ЕУ фондовите, туку затоа што гарантира и внатрешни општествени реформи. Сакам да верувам дека клучните политички фактори во мојата Татковина можат да препознаат дека во рударската индустрија лежи нашиот најважен ресурс за долгорочен и стабилен економски развој. Македонија не смее и понатаму да остане заложник на една група манипуланти кои ширејќи лажен страв за здравјето на луѓето и животната средина одработуваат за антизападни центри на моќ, заклучува Грозданов.

16.04.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега