Груби: Чаир е на Ахмети

 

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир.

На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и министри од редовите на ДУИ.

Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ во Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави продолжение и по другите ограноци на партијата.

Тој демантираше дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Напротив, според него собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.

„Чаир е на на Али Ахмети и на ДУИ, порача Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.

Додаде дека Меџити, бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.

 

20.03.2023 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега