Група на тинејџери шетајќи по брегот на Сиетл пронашле куфер, па повикале полиција- На вести дознале за што се работи (ВИДЕО)

 

Група на тинејџери шетајќи по брегот на Сиетл пронашле куфер, а во него се наоѓале посмртни останки, по што веднаш повикале полиција.

Целата случка е снимена и споделена на „Тик-ток“, а полицијата во Сиетл соопштила дека во куферот се пронајдени човечки остатоци.

„Нешто трауматично се случи што ми го промени животот“ напишал корисникот на социјалната мрежа „Тик-Ток“

„Најдовме црн куфер, се шегувавме дека во него има можеби пари … но миризбата преовладуваше.

На снимката потоа се гледа како една девојка откако го отвора куферот, повикува полиција.

Полицијата го потврдила сомнежот, а уште една вреќа е пронајдена недалеку од тоа место.

Тинејџерите кога слушнале на вести, тогаш дознале за што се работи и што има во кесите.

Истрагата е сè уште во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега