Гугл ја загуби битката: ТикТок е најпосетуван домејн

 

Во 2021 година, сервисот TikTok за размена на кратки видеа стана најпосетуваниот интернет домен во светот, пред минатогодишниот лидер Гугл, кој е дел од холдингот Aлфабет, според американската технолошка компанија Cloudflare.

„ТikTok“ изби на прво место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден по посети е пред Гугл.

TikTok, во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, претходно пријави повеќе од милијарда активни корисници месечно. Третото место на листата на најпосетувани домени, вклучувајќи веб-страници и апликации, го зазеде социјалната мрежа Фејсбук во минатата година, четвртото – Мајкрософт, а петтото – Епл. Во топ 10 се и Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и Whatsapp.

23.12.2021 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега