Густ чад над Охридското Езеро: Гори глисер

 


Пожар избувнал на глисер закотвен во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро, предизвикувајќи вознемиреност меѓу туристите и локалното население. Над местото се издигна густ црн чад што беше видлив од поголемо растојание, а околу запалениот глисер имало и други паркирани пловни објекти, објави Скопје1.

На терен интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и припадници на полицијата. Засега нема информации за повредени лица, ниту е позната причината за избувнување на огнот.

Очевидци сведочат дека глисерот бил закотвен кога започнал пожарот. Надлежните служби работат на расчистување на случајот.

30.06.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега