Хамас ја потврди смртта на Синвар, но и продолжувањето на војната

 

Палестинската милитантна група Хамас ја потврди смртта на својот лидер Јахја Синвар, човекот кој го организираше нападот врз Израел на 7 октомври, за кој се верува дека е причина за актуелната војна на Блискиот Исток.

Калил ал-Хаја, заменик-шеф на политичкото крило на Хамас, за телевизијата Ал Акса изјави дека жали за смртта на „маченикот“ Ал Синвар, еден ден откако Израел објави дека го убил во јужниот дел на Газа. Сепак, надежите дека смртта на Синвар би можела да резултира со итно примирје и ослободување на израелските заложници бледнеат додека продолжуваат борбите во Либан и Газа.

Ал Хаја рече дека преостанатите заложници, околу 101 од нив, иако не сите се живи, ќе бидат вратени кога Израел ќе ја заврши својата „агресија“ со повлекување од Газа и ослободување на палестинските затвореници. Во меѓувреме, проиранската милиција Хезболах вети дека ќе ги засили нападите против Израел во јужен Либан, неколку недели откако израелската армија започна копнена офанзива против земјата.

Групата објави дека најавува „премин во нова и ескалирачка фаза во конфликтот со израелскиот непријател, што ќе го покажат настаните и случувањата во наредните денови“. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека најмалку 15 проектили биле истрелани од Либан кон северен Израел, што предизвикало воздушни сирени да се огласат во неколку населби. ИД соопшти дека денеска погодила 150 цели во Газа и Либан.

18.10.2024 - 23:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега