Хаос во авион: Пилотите заспале

 


Авионот на Батик Ер летал од Југоисточен Сулавеси кон главниот град на Индонезија, Џакарта, на 25 јануари, според прелиминарниот извештај на Националниот одбор за безбедност на транспортот (НСТБ).

За време на летот двајцата пилоти заспале, со што се појавиле серија навигациски грешки, но 153-те патници и четворицата стјуардеси на Ербас А320 беа неповредени во текот на летот кој траел два часа и 35 минути.

Еден од пилотите не се одморил доволно ноќта пред летот, според извештајот. Приближно 90 минути по полетувањето на авионот, капетанот побарал дозвола од неговиот заменик кратко да се одмори, и барањето било усвоено. Копилотот потоа ја презел командата со леталото, но и ненамерно заспал.

„Заменикот имаше едномесечни бебиња близнаци. Неговата сопруга се грижеше за бебињата, а тој помагаше кога беше дома“, се вели во извештајот.

Неколку минути по последниот снимен пренос, регионалниот контролен центар во Џакарта се обидел да стапи во контакт со леталото. Не добиле одговор.

Дваесет и осум минути по последниот снимен пренос, пилотот се разбудил и сфатил дека неговиот копилот спие и дека леталото не е на правилната патека на летот. Тој веднаш го разбудил својот колега, одговарал на повиците од Џакарта и ја поправил патеката на летот, се вели во извештајот.

Авионот безбедно слетал по инцидентот.

 

Идентитетот на пилотите не е соопштен, но се вели дека се Индонезијци и на возраст од 32 и 28 години.

10.03.2024 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега