Хаос во Канада: Во пукање загинаа пет лица

Пет лица загинаа во пукање во станбена зграда пред полицијата да го убие напаѓачот во Канада.

Крвопролевањето се случило во неделата вечерта во Вон, град во близина на Торонто, пишува Гардијан.

Во канадската полиција синоќа стасала дојава за маж кој отворил оган и убил неколку луѓе.

„Страшна глетка. Шестмина загинати, а еден од нив е напаѓачот. Во моментов имаме пет жртви“, изјави началникот на полицијата Џејмс МекСвин.

Едно лице е пренесено во болница со тешки повреди, но се очекува да преживее.

Засега не се знае дали напаѓачот бил жител на зградата во која се случило крвопролевањето. Полицијата се уште ги истражува мотивите за злосторството.

Полицајката Лора Никол изјави за Си-Ен-Ен дека ова злосторство е најлошото нешто што го видела во нејзината кариера.

19.12.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа